Вагон со јаглен гореше на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вагон натоварен со јаглен вчера гаснеле кумановските пожарникари откако во раните утрински часови на железничката станица истиот се запалил.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во гаснењето учествувале тројца пожарникари со едно противпожарно возило, а огнот успеале да го стават под контрола по битката со пламените јазици од 02:00 до 03:33 часот.

Запалена сува трева исто така горела вчера на Табановце во пограничната зона. Во период од 14:35 до 16:05 интервенирале четворица пожарникари.

Сува трева горела и во селата Ајдучка чешма, Речица и Никуљане.

Leave a Reply