Вагнер за 5 дена ќе го напушти Бахмут

Сподели со своите пријатели

Евгениј Пригожин, командантот на Вагнер, руските платенички сили, денеска во ненадејна и драматична најава изјави дека неговите сили ќе го напуштат украинскиот град Бахмут, кој се обидуваат да го заземат од минатото лето.

Loading...

Пригожин рече дека ќе ја напушти областа на 10 мај поради големи загуби и несоодветно снабдување со муниција.

„Од името на борците Вагнер, во име на командата на Вагнер, обврзани сме на 10 мај 2023 година да ги пренесеме позициите во населбата Бахмут на единиците на Министерството за одбрана и да ги повлечеме остатоците од Вагнер во логистички кампови, каде што ќе си ги лижеме раните“, се вели во соопштението на Пригожин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

„Ги повлекувам трупите на Вагнер од Бахмут бидејќи тие се осудени на бесмислено исчезнување поради недостиг на муниција“, рече тој.

Пригожин, исто така, објавуваше импулсивни коментари во минатото

Од минатото лето, Вагнер ги предводеше руските обиди да го заземе Бахмут, во најдолгата и најкрвавата битка на војната во Украина.

Не е јасно дали изјавата на Пригожин може да се земе во номинална вредност бидејќи тој често објавуваше импулсивни коментари во минатото.

Дури минатата недела тој ја повлече изјавата за која рече дека ја дал како „шега“.

Утрово објави видео на кое ги пцуе Шојгу и началникот на Генералштабот

Неговата последна изјава доаѓа по видеото со вулгарности објавено утринава во кое Пригожин, опкружен со десетици трупови за кои рече дека се борци на Вагнер, вика и пцуе кон министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп најверојатно ќе се сретне со Зеленски следната недела

– Ни недостига муниција 70 проценти. Шојгу! Герасимов! Каде е муницијата?“ извика тој во камерата.

Одговорните ќе одат по ѓаволите, извика Пригожин, пред да каже дека загубите на Вагнер ќе беа пет пати помали доколку тој беше соодветно снабден.

Тој рече дека тие се виновни за загубите на Вагнер бидејќи им недостигала муниција.

„Ова се момчињата на Вагнер кои починаа денес. Крвта е сѐ уште свежа”, рекол Пригожин покажувајќи кон телата околу него. „Тие дојдоа овде како волонтери и умираат за да се здебелите во вашите канцеларии.“

Јавни расправии со руски команданти

Пригожин, чија група Вагнер го предводеше повеќемесечниот напад на Русија врз источниот украински град Бахмут, почна јавно да се расправа со командантите на одбраната минатата година, обвинувајќи ги за неспособност и намерно задржување на муницијата поради лични непријателства кон него.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН тврдат: Руските напади врз украинската енергетска мрежа го прекршуваат хуманитарното право

Во последниве недели, Пригожин се воздржуваше од јавно да го нападне Шојгу, но продолжи да сугерира дека намерното задржување на муницијата ги зголеми загубите на Вагнер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.