Вагнер: Граѓанската војна штотуку започна

Сподели со своите пријатели

Украинскиот функционер Антон Герашченко ја пренесе објавата на Вагнер на Телеграм.

Loading...

– Конвојот на Вагнер беше нападнат во Воронеж. Авијацијата го прави истото. Граѓанската војна официјално започна – напишаа тие.

Борците на Вагнер во Воронеж, наводно, ја преземаат контролата над сите воени објекти, пренесува Ројтерс повикувајќи се на извор од руските безбедносни сили.

На мрежите се појави снимка од соборувањето на воен авион над Воронеж, но автентичноста на видеото не е потврдена, како и информациите за наводната пресметка меѓу вагнерите и редовните руски сили.

Пригожин рече дека членовите на неговите сили, кои започнаа вооружен бунт, се „подготвени да умрат“, во порака објавена на Телеграм во саботата наутро.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Во серија аудио пораки, водачот на платеничката група вети дека ќе го собори руското воено раководство.

– Сите сме подготвени да умреме. Сите 25.000, а потоа уште 25.000. Подготвени сме да умреме за рускиот народ – рече тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...