Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб ветер од југозападен правец. Изутринава е сончево со мала до умереналокална облачност и со умерен ветер претежно претежно од југо-западен правец.
Сончево и топло за овој период од годината и со слаб до умерен ветер претежно од
јужен правец, е временската прогноза за денеска на синоптичарите при Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината со мала до умереналокална облачност. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, на повеќе места ќе надминувааат нат 20 степени.
Под влијание на влажен и постуден бран в, понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето. Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.