Уживајте во сонцето овој викенд, велат метеролозите на УХМР

Сподели со своите пријатели

Не се очекува драстична промена на временските прилики во Македонија за време на викендот, велат метеоролозите на УХМР.

Loading...

Како што пренесува порталот Метеопро, денес низ Македонија ќе биде ведро и сончево, со мраз низ котлините во утринските часови.

Утринава,  најстудено беше во Берово, -6°С, до 6°С на мерната точка на УХМР во Ѓуриште.

За викенд, поточно во сабота, се очекува слична температура како денес, додека во недела се очекува мало наоблачување, пред се во северниот дел од земјата.

Како што соопштува УХМР, во следните денови се очекува благ до умерен северен ветер, што ќе придонесе до пораст на утринските температури.