Според метеоролозите на УХМР, денес се очекува сончево и топло време за овој период од годината, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 24 степени.
Loading...
До сабота ќе се задржи стабилно и топло време за овој период од годината.
Во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.
Во недела ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.