Ужас во Москва: Пожар проголта цел трговски центар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските служби за итни случаи се сомневаат дека „криминален чин“ е причина за големиот пожар што во петокот вечерта избувна во трговски центар во предградието на Москва, пренесоа руските агенции.

Loading...

„Пожарникарите гаснат пожар на површина од 7.000 метри квадратни во околината на Москва“, објави на Твитер рускиот министер за вонредни ситуации.

Едно лице, идентификувано од локалните медиуми како Сергеј Смуров, загинал во пожарот откако останал заробен во трговскиот центар.

Повеќе од 70 пожарникари и 20 противпожарни возила го изгаснаа пожарот кој се прошири на 7.000 квадратни метри.

„Сè почна да гори од покривот. Огнот се прошири многу брзо. Буквално пет минути подоцна, целиот покрив беше зафатен од пламен”, опишал очевидец, пренесува Daily Mail.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Пожарот избувна во трговскиот центар Мега Химки, во предградието на Химки, северно од главниот град на Русија.

Руските служби за итни случаи се сомневаат дека пожарот е подметнат, објавија набргу руските новински агенции, повикувајќи се на извори од службата за итни случаи.

„Сметаме дека тоа било планирано, дека пожарот бил подметнат“, објави новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на неименуван извор.

Loading...

Агенцијата Спутник додава дека кривичното дело е „меѓу главните можни причинители“ за пожарот.

Видеата објавени на социјалните мрежи го покажуваат пожарот додека луѓето бегаат од зградата кон паркингот.

Мега беше дом на голем број западни малопродажни синџири пред заминувањето на компаниите од Русија по почетокот на конфликтот во Украина, вклучително и една од првите продавници на ИКЕА во областа Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“