УЖАС ВО БОЛНИЦА: На жена и експлодираше главата при операција (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жена од Индија загина во болнички кревет кога се случила експлозија во нејзините уста при испирање на желудникот.

Loading...

Шила Деви (40) примена е во болница откако испила непознат отров. При зафатот дошло до бурна хемиска реакција, на жената и „експлодирала главата“, а безбедносната камера снимила оган и чад како излегува над постелнината.

Шефот на медицинската болница во Алигару, во државата Утар Прадеш, соопштил дека „инцидентот“ се случил додека лекарите со црево го извлекувале отровот од стомакот на пациентката, како и дека телото било испратено на обдукција за да се утврди причината за експлозијата.

– Постои шанса да зела таблети со алуминиум фостаф кој ослободува фосфин, алуминиум оксид и други гасови кои се многу запаливи во контант со желудочната киселина и влагата во воздухот, објаснува др. Заиди и додава дека вакво нешто никогаш не било забележано во историјата на медицината, т.е. дека затоа е потребно да се направи истражувањето.

Шефот на локалната полициска станица Нареш Кумар Синг вели дека Шила Деви е пронајдена без свест во близина на околното село и дека во извештајот на патологот се наведува дека консумирала некој вид отров.

Со понатамошна анализа ќе се утврдува која супстанца била во прашање.

https://youtu.be/0WCVj_46daM

Извор: timesofindia.indiatimes.com / Фото: Пиксабеј


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *