УЖАС: Со раце подготвува месо за скара, а дури кога ќе видите што прави со помфритот и пилешкото… (видео)

Сподели со своите пријатели

Еден ресторан во Канада кој е дел од франшизата ланци Carl’s Jr привремено е затворен затоа што сопственикот со своето однесување прекршил 10 хигиенски правила кои треба да се почитуваат кога се занимавате со подготовка на храна.

На снимката која е забележана од безбедносните камери се гледа како сопственикотЏек Веб со голи раце во канта го подготвува сосот за скара за бургерите за овој угостителски објект.

Никогаш немам видено вакво нешто. Тој да не е сопственик би добил отказ моментално – изјави Ендру Мајнс кој го пријавил кај надлежните.

Мајнс на Веб му понудил лажица за мешање на сосот, но тој ја одбил. Исто така, имал став „сопственик сум не ми е гајле што зборуваш“, пишува СВС.

На снимката се гледа како Веб користи валкана лопатка која ја извлече од валканите садови и само малку ја забриша со крпата. Исто така снимено е и како помфритот и пилешкото му испаѓаат од рацете, а тој само ги собра д валканиот под и ги врати во фрижидерот.

Сите работи кои Веб ги прави може да предизвикаат разни болести кај луѓето кои јадат таква храна, сметаат надлежните.

Инспекцијата го затворила угостителскиот објект и започнала истрага.

Loading...