Времето утринава е променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Во Пожаране и Маврово провејува снег.
Loading...
Според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, умерено облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец, ќе биде времето во текот на денот. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени.
Следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст, особено во петок, кога на места ќе достигнат до 18 степени. Ќе дува умерен, а во среда повремено засилен северен ветер.