Утринските температури под нула

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде поменливо облачно и студено со умерен северен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, на места повремено ќе провејува снег. Максималната температура ќе биде во итервал од -1 до 5 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и студено време со максимална дневна температура од 3 степени целзиусови. За утре метеоролозите најавуваат еден степшен пониска максимална температура, но утринската ќе биде 8 степени под нулата.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, освен во сабота, кога кон крајот на денот во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Утринските температури до сабота насекаде ќе бидат под нула, додека дневните ќе бидат во постепен пораст, особено од недела, стои во соопштението од УХМР.

Leave a Reply