Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за БиХ по барање на Русија

Сподели со своите пријатели

Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека на барање на Русија утре, 30 април, во 21 часот по средноевропско време ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ).

Loading...

Како што јави N1 БиХ, повикувајќи се на извори од мисијата на Малта во Њујорк, списокот на говорници за седницата се уште не е утврден.

На седниците на Советот за безбедност на ОН списокот на говорници може да се утврди на самиот почеток на седницата на предлог на претседавачот, но и на заинтересираните земји-членки на Советот за безбедност на ОН.

Од Бањалука беше соопштено дека на оваа седница на Советот за безбедност на ОН ќе се обрати членката на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, но преку видео врска бидејќи не побарала виза за САД.

За нејзиното обраќање, како и за сите други, ќе се одлучува пред почетокот на седницата со гласање на членките на Советот за безбедност на ОН.

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, претходно изјави дека Цвијановиќ и веројатно некој од бошњачката страна ќе се обратат на вонредната седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина на барање на Русија.