Утре започнува фестивалот „Денови на комедија“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ започнува утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Вкупно 12 претстави ќе се одиграат годинава на театри од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија.

– Успеавме можеби во најтешките времиња пред минатите две години да го одржиме овој фестивал, континуитетот и да продолжиме со организација на овој фестивал, вели директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Сашо Тодоровски.

 

 

И годинава владее огромен интерес и дел од билетите се веќе целосно распродадени, освен за дел од македонските претстави, велат организаторите.

Актерот Горан Илиќ кој е дел од Советот на фестивалот, вели дека сѐ започнало многу скромно, но по 25 години ова е респектабилен и многу популарен фестивал.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

– Како вчера да беше тоа кога молевме за некои скромни средства да се одржи овој фестивал кој веќе мислам е етаблиран и сам има сила на самоодржливост, бидејќи веќе и кај нашата поширока културна јавноста овој фестивал е познат. Драго ми е што постојано доаѓаат гости од поранешни Југословенски простори, Бугарија, јазиците коишто ги разбираме и се надевам дека во иднина ако имаме сила дека би било добро да поканиме гости и до други јазнични подрачје, вели Илиќ.

 

 

Драгана Гунин, член на советот, вели дека годинешното издание ќе има и еден интересен новитет, а тоа е стенд ап со кумановски актери на кои ќе им се приклучат актерите Тино и Атанас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

– Оваа година имаме вечер на стенд ап комедија на која ќе настапат млади актери и актерки, настапуваат Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Чедомир Митевски, Ангела Стојановска и Тино и Атанас. Мислам дека го заслужуваат целото наше внимание и време затоа што ова е нешто кое прв пат се случува во Куманово и тие заедно се организираат во четврток во 22 часот, ќе настапуваат по претставата, вели таа.

 

Loading...

 

Новитет оваа година е и фактот дека фестивалот ќе има и награди, односно ќе бидат прогласени најдобар актер и актерка, претстава, режија, сценографија и костимографија.

Фестивалот се одржува со финансиска помош од Министерството за култура со еден милион денари и Општина Куманово со 450 илјади денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворена изложбата „Гласна тишина“ на Мартина Спасовска во Куманово

Лауреат на годинешното издание на фестивалот ќе биде актерот Благоја Чоревски.

 

 

Тој заедно со Даниела Рангелова и Мишел Павловски ќе учествува на тркалезна маса посветена на комедијата на 1ви откомври во фоајето на Центарот за култура со почеток во 13 часот.

Loading...

Честа да го отвори фестивалот годинава ќе припадне на Градски театар Винковци од Хрватска со претставата „Приватни животи“ утре со почеток во 20 часот.

Никола Ивановски