Утре второ авионско прскање против комарци во Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре во раните утрински часови (од 05:00 до 08:00 часот) на територијата на Општината ќе се изврши второто авионско прскање против возрасна форма на комарци.

Loading...

Како што информираат од општината, ќе бе третирана површина од околу 1000 хектари.

Ќе се прска од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка па се до свињарска фарма во село Речица; течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во Бедиње, населба Долно Којнаре; град Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото; Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланица во Добрашане.

– Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите, порачуваат од Општина Куманово.

Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Никола Ивановски