Утре во Центарот за култура ќе се одржи конференцијата „Look Beyond Vol.2“

Сподели со своите пријатели

Центарот за интеркултурен дијалог утре во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе одржи конференција насловена како „Look Beyond Vol.2“ – Инклузивно младинско учество во разнолики општества.

Loading...

Конференцијата ќе се одржи утре со почеток во 10 часот и ќе трае до 18 часот. Програмата вклучува 2 пленарни сесии, 6 работилници, 10 гости говорници,  саем за младинска работа и безброј можности за вмрежување, а програмата ќе се одвива и на англиски јазик.

Главната цел на конференцијата е рефлексија на инклузивноста на младите луѓе од разни групи во учесничкиот механизам на локално, национално и европско ниво.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.