Времето утринава е ведро и студено. На места дува слаб, а во Гевгелиско умерен северен ветер.
Сончево со мала до умерена облачност ќе биде времето и во текот на денот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а на југоистокот повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Утре ќе дува засилен северен ветер и ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови.
Потоа, во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени.
Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.