Утре сончево, но студено со минимални температури до -11 степени целзиусови

Сподели со своите пријатели

Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Loading...

Во Куманово и околината ќе биде сончево до умерено облачно. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен ветер од југоисточен и јужен правец. Температурите на воздухот ќе бидат во пораст.

Славица Стефановска

Leave a Reply