Утре се организира „Отворен ден на општина Старо Нагоричане“

Сподели со своите пријатели

„Отворен ден на општина Старо Нагоричане“е настанот кој ќе се одржи утре, а ќе биде организиран во соработка и со поддршка на Заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа “Унапредување на човековите права и заштитата на малцинствата во Југоисточна Европа”.

Настанот ќе се одржи во просториите на Општина Старо Нагоричане, поточно објект на Центар „Млади за млади – Y4Y“, со почеток во 10:00 часот.

Целта на настанот „Отворен ден“ е да се презентираат постигнатите цели и резултати од грантот пд програмата имплементирана од страна на општина Старо Нагоричане во рамките на Заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа “Унапредување на човековите права и заштитата на малцинствата во Југоисточна Европа”. Општина Старо Нагоричане е избрана како пример за добра пракса за Македонија во согласност со овој заеднички регионален проект и ние би сакале да ги споделиме нашите добри практики со поканети претставници на локалните самоуправи од Македонија и регионот. Отворениот дневен настан ќе послужи како можност за секој да ги презентира и дискутира прашањата за заштита на малцинствата и промоција на локално ниво како и да се надминат пречките преку спроведување на конкретни резултати – ориентирани и ефективни активности – велат организаторите.

Од таму се надеваат дека овој отворен целодневен настан ќе биде добра можност за споделување на идеи и практики кои се прилагодливи во нашите локални власти и што уште повеќе ќе се обезбеди и да се зајакне промоцијата на малцинствата и заштита на локално ниво.

 

Loading...