Утре обилни врнежи од дожд и снег

Сподели со своите пријатели

Утринава во поголемиот дел од земјава преовладува ведро време со мала до умерена облачност, а во западните делови има локално зголемена облачност. По одделни котлини има магла и ниска облачност со намалена видливост која во Скопската котлина и Д. Капила се двоижи од 50 до 250 метри. Дува слаб ветер од променлив правец, особенона повисоките места и планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, во западните делови претежно облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7до 15 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална дневна температура од 10 степени целзиусови.

Облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег не очекува во текот на утрешниот ден. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.

Под влијание на влажна и постудена воздушна маса за време на викендот ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежите ќе бидат од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота. Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30л/м2. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, а на планините во западните и јужните делови позначително ќе се зголеми.

Leave a Reply