Согласно Законот за празниците на Република Македонија, 28 август 2018 година (вторник), Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, е неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Република Македонија.
Голема Богородица — значаен христијански празник кај православните, католиците и протестантите, посветен на смртта на Марија, мајката на Исус Христос.
Христијаните веруваат дека, како и Исус, и Богородица по смртта воскреснала и заминала на небото, како со душата така и со телото. Оттаму и називот успение, што значи искачување.