Утре на домашен терен КК Куманово ги пречекува кошаркарите на Фени Индустри

Сподели со своите пријатели

Во рамките на 16-то коло од домашната кошаркарска лига утре на домашен терен КК Куманово ќе ги пречека играчите на Фени Индустри од Кавадарци со почеток од 19 часот.

Кошаркарите на Страшко Тодоровиќ ќе се борат за нова победа и нови поени на бодовната скала каде сега се на третото место со 23 поени, зад МЗТ Скопје Аеродром и Карпопш Соколи кои имаат по 25 поени.

Билетите се со цена од 50 денари, а поддршката на нашите кошаркари им е од голема важност, затоа уите сите на трбините.