Утре минирање на делницата Бељаковце – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Во рамки на градежните работи за железничкиот Коридор VIII, на делницата Бељаковце – Крива Паланка ќе се спроведе контролирано минирање на 2 септември, во периодот од 10 до 11 часот.

Loading...

Активностите ќе се одвиваат во близина на кампот и Лазинска маала, информираат од изведувачите.

Компанијата „Гулермак“, преку својата подружница во Скопје, заедно со „Тета-Коп“ од Велес, е задолжена за изведбата на работите кои претставуваат дел од завршувањето на втората делница од проектот.

Надлежните потсетуваат дека останува во сила времената забрана за движење на моторни возила на регионалниот пат Р29281, кој ги поврзува Кратово и Ранковце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица тешко повредени во сообраќајка на патот Куманово – Крива Паланка (ФОТО)

Проектот за изградба на делницата Бељаковце – Крива Паланка е дел од пошироката иницијатива за модернизација на железничкиот Коридор VIII, кој треба да ја зајакне транспортната поврзаност на Северна Македонија со регионот.