Во рамки наизградбата на делницата од железничкиот коридор осум, делницата Бељаковце – Крива Паланка утре ќе се врши минирање на локалниот пат кој ги поврзува општините Ранковце и Кратово.
Минирањето ќе го изврши компанијата Стетон градба ДООЕЛ, како подизведувач на компаниите Гулермак и Мактек во близина на локалниот пат кој ги поврзува делниците А2 и P1205.
– Подготовките за минирање ќе започнат во 11 часот наутро, а самото минирање ќе заврши најдоцна до 17 часот, потенцираат од Гулермак.
Комплетното блокирање на сообраќајот од страна на Ранковце кон Кратово ќе трае кратко, но точното време ќе зависи од организацијата и од временските услови.
– Им препорачуваме на локалните жители и транспортните возила на локалните компании да го заобиколуваат овој пат во текот на наведениот термин, стои во соопштението.
Локалниот пат кој ги поврзува општините Ранковце и Кратово т.е. А2 со Р1205 е привремено блокиран од локалните власти поради штета на мостот на Крива река.
Препораката важи само за оние жители кои имаат куќи и викендици и пристап од страна на Ранковце до оштетениот мост.
Никола Ивановски