Општинската организација на Црвениот крст од Куманово утре организира крводарителска акција во свите простории во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Loading...
Од Црвениот крст потсетуваат дека дарувањето крв претставува најголем чин на хуманост, бидејќи секоја донација може да спаси нечиј живот.
Организацијата ги повикува граѓаните на Куманово и околината да се приклучат и со своето учество да дадат придонес за заедницата и за оние на кои им е најпотребна помош.
Никола Ивановски