Утре ќе се одржи 41. седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Во кружната сала на поранешен Комитет утре со почеток во 10 часот ќе се одржи 41. седница на Советот на Општина Куманово.

Loading...

На дневен ред пред советниците ќе се најдат вкупно шест точки:

1. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2024 година;

2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2024 – 31.03.2024 година;

3. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2024 година;

4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Куманово настапи во Крива Паланка со „Волшебникот од Оз“

5. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2024 – 31.03.2024 година;

6. Предлог – Одлука за поставување на средства за забавување на сообраќајот на сообраќајници во Oпштина Куманово.

Loading...

Никола Ивановски