Во сабота дневна забава во Бар Трговски

Сподели со своите пријатели

Летната сезона и официјално заврши, па со тоа дојде крај и на забавите на отворено. Барот Трговски, кој летово го одбележа со неколкуте одлични дневни забави, утре ќе ги искористи последните сончеви зраци за да ја оддржи последната дневна забава за ова лето, и со тоа да означи почеток на зимската сезона.

Loading...

За музиката задолжени ќе бидат Симоновски и Џартовски, добро познати пред домашната публика. Забавата ќе започне во 13:00 часот и ќе трае се додека не замине последниот гост. Се гледаме во Бар Трговски.