Утре ќе се носи одлуката за буџетот на Општина Куманово за 2024 година

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре ќе биде исправен пред најважната одлука, а тоа е носење за буџетот за 2024 година.

Loading...

Според материјалите за седницата, Секторот за финансии ќе предложи буџет тежок 2,1 милијарда денари или 35 милиони евра. Тоа е три милиони евра помалку од годинешниот буџет.

Најголем дел од средствата се дотации, пари кои ги префрлаат министерствата кон локалната самоуправа, пример како плати за образование, кои општината само ги исплаќа. Така на дотации отпаѓа дури 1,3 милијарди денари. Од даноци општината планира да собере околу 516 милиони денари или околу 8,3 милиони евра.

На утрешната 35та седница, советниците ќе разгледаат и одлучуваат за вкупно 53 точки, а целосниот дневен ред може да го погледнете во продолжение:

1. Предлог – Решение за давање согласност на Статутот на Заедничко јавно претпријатие „ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК“ – Свети Николе;

2. Програма за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2024 година;

3. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2024 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

4. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2024 година;

Loading...

5. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2024 година;

6. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на општина Куманово во 2024 година;

7. Програма за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2024 година – зимско одржување;

8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на јавни службеници за 2024 година;

9. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2024 година;

10. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за ангажирање на 5 (пет) извршители преку агенција за привремени вработувања за период од 01.01.2024 до 31.12.2024 година;

11. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2024 година;

12. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2024 година;

Loading...

13. Работна програма за 2024 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

14. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2024 година;

15. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за ангажирање на 1 (еден) работник по пат на отстапување од агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година;

16. Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2024 година;

17. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Куманово за 2024 година;

18. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. „Индустрија”, Урбан блок 71, плански опфат помеѓу ул. „11-ти Октомври“, граница на урбан блок, собирна улица по ГУП;

19. Предлог – Одлука за донесување на техничка исправка за ГП 6 од Детален урбанистички план за дел од МЗ „Тоде Мендол“ (донесен со одлука бр. 07-464/7 од 18.05.2004 година) – Општина Куманово;

20. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;

Loading...

21. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;

22. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2023 година;

23. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2024 година;

24. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2024 година;

25. Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2024 година;

26. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2024 година;

Loading...

27. Предлог – Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2024 година;

28. Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2024 година;

29. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2024 година;

30. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за уредување на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;

31. Предлог – Одлука за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Куманово;

Loading...

32. Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;

33. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2024 година;

34. Предлог – Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2024 година;

35. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;

36. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2024 година;

Loading...

37. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2024 година;

38. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2024 година;

39. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2024 година;

40. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на еднократна парична помош за 2024 година;

41. Предлог – Програма за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година;

42. Предлог – Програма за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2024 година;

Loading...

43. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2024 година;

44. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2024 година;

45. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2024 година;

46. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2024 година;

47. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2024 година;

Loading...

48. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;

49. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во Општина Kуманово за 2024 година;

50. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2024 година за ангажирање на 20 (дваесет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;

51. Предлог – Одлука за утврдување на висината на надоместокот на претседателите и на членовите на управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во Општина Куманово;

52. Предлог – Одлука за именување на членови на Локалниот економско-социјален совет – претставници на локалната самоуправа – Општина Куманово;

53. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2024 година.