Утре и задутре дезинсекција против крлежи во Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Утре и задутре, односно на  29ти и 30ти јуни на подрачјето на Општина Куманово ќе се изврши дезинсекција против крлежи, информираат надлежните од општината.

Јавните зелени површини во градот, со акцент на зеленилото на градскиот кеј, јавните институции и установи, плоштадот и парковите ќе бидат опфатени со оваа мерка, која е со цел да се спречи пренесувањето на заразни заболувања.

Loading...

Надлежните препорачуваат да не се прави подолг престој на третираните површини, особено непосредно по завршување на акцијата, а местата ќе бидат соодветно обележани.

Третирањето против крлежите ќе го спроведат стручни екипи,од приватна компанија,ангажирани од општината за таа намена,преку претходно распишан тендер,при што за дезинсекција и дератизација општината одвоји околу 700.000 денари, информраше Гордан Таневски,комунален редар од скеторот за инспекциски надзор.

Доколку,временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе се одложи и презакаже за друг термин.