Утре и во четврток над 40 степени, од петок заладување

Сподели со своите пријатели

Пеколни температури нè очекуваат и утре.

Loading...

За Куманово утре се најавуваат 37, додека минималната ќе изнесува 22 степени. Ќе дува релативно слаб ветер од западен правец. На хронично болните, бремените жени и старите лица, им се советува да се држат до препораките од лекарите и да избегнуваат престој на сонце во најтоплиот дел од денот.

Утре и во четврток под влијание на многу топла воздушна маса ќе има значителен пораст на дневните темепратури во Република Македонија кои на места ќе бидат над 35 степени, а долж Повардарието и над 40 степени целзиусови.

Во четврток навечер кон петок ќе има промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер што ќе донесе и намалување на температурите за неколку степени.

А услови за нестабилност ќе има и во деновите што ќе следуваат. – информираат од УХМР


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.