Утре е наработен ден – следува продолжен викенд

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празници, (Сл. весник на РМ број 21/98 и 18/07) за граѓаните од православна вероисповест утре, 28 август е неработен ден.

Loading...

Православните верници го чествуваат еден од поголемите христијански празници, а тоа е Успесение на Пресвета Богородица, или меѓу народот познато како Голема Богородица. Како и останатите државни и верски празници и сега не очекува продолжен викенд, а со оглед на тоа дека празникот е во петок во домаќинствата кои слават ќе се служи посна храна.

Следниот неработен ден, повторно ни носи продолжен викенд. Станува збор за 11 октомври – Ден на народното востание, кој се паѓа во недела, што значи дека истиот се поместува за понеделник – 12 октомври кога ќе биде неработен ден.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.