Утре без струја повеќе села во Куманово и Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Повеќе села во општините Куманово и Старо Нагоричане во текот на утрешниот ден ќе бидат привремено без електрична енергија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до 12:00 часот прекини ќе има во селата: Пелинце, Жегљане, Стрновац, Кокино, Дејловце, Длабочица, Клечовце, Мургаш, Косматац, Кутлибег, Скачковце, Довезенце, Јачинце, Стрезовце, Бељаковце, Бајловце, Ругинце, Старо Нагоричане, Војник  и Драгоманце.

Прекини за истиот временски период се најавени и за населбите Ајдучка чешма и Перо Чичо (Гладно поле).

Станува збор за најавени пркини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Никола Ивановски