Повеќе делови на Куманово и околината утре ќе бидат привремено без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.
Од 08:45 часот до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Драган Стопаревиќ“, „Васил Драгомански“ и дел од булеварот „Трета МУБ“.
Во период од 10:00 до 13:00 часот без напојување ќе бидат корисниците од селата: Жегљане, „Аква Кокино“, Драгоманце, Длабочица, Дејловце, Осиче, Рамно, Цветишници, Буковљане, Арбанашко, Кокино, Малотино и Степанце.
Прекини се најавени и за корисниците од селата Шупљи Камен и Орашац. Таму без електрична енергија жителите ќе бидат во период од 09:30 до 12:00 часот.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции на дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски