Утре без струја неколку локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во околината на Куманово утре ќе останат привремено без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 08:00 до 14:30 часот прекини ќе има кај корисниците од селата Табановце, Сопот и Војник.

Без напојување во период од 08:30 до 13:00 часот ќе останат корисниците од селото Стрновац.

Од 07:00 до 13:00 часот прекини ќе има во селото Проевце, населбата Зелен рид, делови од Индустриската зона Доброшане и дел од населбата Јане Сандански.

Станува збор за планирани прекини од ЕВН Македонија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  36-годишна кумановка физички нападната од сопругот