Денеска и утре привремено без електрична енергија ќе останат повеќе локации низ Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Доне Божинов“ (Стара пошта, Сенатор, зграда Спорт Реалити) во период од 08:00 до 11:00 часот.
Повеќе прекини се најавени за утре. Во период од 08:00 до 11:00 часот без напојување ќе останат корисниците од Плоштад „Нова Југославија“, „Тинекс“, „Тутунска банка“.
Во периодот од 08:30 до 13:30 часот прекини ќе има во селото Горно Којнаре (Мааало Кратовци).
Утре во период од 04:00 до 08:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од „Никола Тесла“, Долно Којнаре, „Златен клас“, Горно Којнаре, Четирце, Табановце, Сопот, караула Сопот, Граничен премин Табановце, Ваксинце, Режановце, Лојане, Опае, Лопате, Липково, Отља, „Хидроцентр Брегтјанска“, „Соул Хидро Пауел“, Матејче, Никуштак, Стрима, Рнковце, Гошинце, Лукаре, „Агро Кум“, „КИК Циглана“, „Југо Фер“, „Живинарска фарма Ваксинце“ и „ФЗЦ“.
Во период од 11:30 до 14:00 часот без напојување ќе останат корисниците од улиците „Гоце Делчев“ и „Трст“, како и „Гарнизон“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистирбутивната мрежа.
Никола Ивановски