Дел од приградските населби во Куманово утре ќе останат привремено без напојвање со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, утре во период од 07:15 до 12:00 часот прекини ќе има во целата населба Карпош, во населбата Иго Тричковиќ (Пуквско), населбата Перо Чичо – м.в. Багрем Бања и улицата „Анѓа Ранковиќ“, м.в. Стари Лозја, како и населбата Ајдучка чешма.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски