uTorrent ќе го наплаќа користењето на програмата

Сподели со своите пријатели

Torrent користат скоро 150 милиони корисници ширум светот, а станува збор за една од најраспространетите програми за споделување содржии која од почетокот на работата е целосно бесплатна, но по се изгледа наскоро тоа би можело да се промени.

Loading...

На порталот TorrentFreak објавена е вест која практично ги возбуди членовите на интернет заедницата, затоа што во BitTorrent која е „мама и тато“ на uTorrent, размислува за воведување модел на наплата за користење на овој Р2Р софтвер. До сега целата приказна која огромен дел од јавноста и корисниците ја перципира исклучиво низ призмата „симнување пиратски софтвер, музика и филмови од интернет“ се финансирала преку огласи и т.н. „ bundled“ софтвери.

Сепак во објавата на BitTorrent стои дека нивниот тим секојдневно напорно работи за да продолжи со работа овој програм, па затоа објаснуваат дека пристигнало време на корисниците да им се пружат повеќе оипции со кои би го подржале развојот на uTorrent и тоа прилагодливо на сечиј буџет. Последниот дел од реченицата ја крена паниката помеѓу корисниците, затоа што експлицитно најавува воведување наплата, односно така поголемиот дел од корисниците ја имаат сфатено пораката.

Интересно е што истата компанија која стои зад развојот на uTorrent програмот има уште еден сличен програм, BitTorrent Sync, за кој се наплаќа годишна претплава во износ од 29,99 американски долари. Некои сметаат дека најкоректно ќе биде ако во се додаде опција за донации, па секој кој може и сака да донира, додека поголемиот број од оние кои ја следат оваа тематика веруваат дека uTorrent ќе добие двојник доколку се воведе наплатувањето, и дека истиот ќе биде бесплатен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.