Усвоена програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2020 година

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово денеска ја усвои програмата за работа во текот на оваа година, откако претходно го веривикуваше мандатот на новата советничка Слаѓана Ѓорѓиевска.

Loading...

Според советникот Зоран Петрушевски, во текот на 2019та година не биле реализирани една петтина од програмите и извештаите за работа, односно 17 отсто од предвидените точки.

–  Од четирите периоди на годината, најкритичен и најлош е оној првиот, можеби таму претерано се планирало и во првите 3 месеци од годината предвидени 46 точки, реализирани 35. Интересно е тоа што нереализираните според мене точки, кои не се реализирани ни до ден денес се два вида на документи, едните се документи во вид на програми вкупно 7, и четири се извештаи, рече Петрушевски.

Една од програмите кои не биле ставени на дневен ред, како што рече Петрушевски е програма за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристи во Куманово за 2019 година, стратешка програма за култура 2019-2023, Акционен план за енергетска ефикасност, Програма за управување со отпад и уште неколку други.

На поголема ажурност на општинската администрација повика и претседателката на Советот, Атина Мургашанска, која се сложи со забелешките на Петрушевски.

– Се согласувам, ваков апел упативме и минатата година имавме извесно подобрување во одредени сфери, имавме објективни причини и законски измени, но нема оправдување да нема барем некаква информација, можеби нема да ги задоволат нашите очекувања, но во секој случај на почетокот на оваа работна година ја преземам обврската уште еднаш повторувам и јавно, ве молам, особено членови на општинската администрација следете го календарот на обврските и на време подготвувајте се за се што ви следи и на време информирајте не ако има објективни причини тоа да биде одложено, а ние како членови на советот стоиме на располагање и да помогнеме со нашето знаење во одредени сфери да пружиме помош како членови на совет и одредени комисии, рече Мургашанска.

Според советникот Томица Илиќ, Советот треба да се гордее со сработеното.

Може да се гордееме со сработеното, во ред е да критикуваме, но има и што да се пофали. Во делот на организирање трибини и јавни дебати, точно е дека организиравме една, но ете заедно можеме со колегата да се потрудиме и во сферите на урбанизмот и сообраќајното решение за да се најдат подобри решенија кои ќе ги донесе овој своет за да се подобри животот на граѓаните на Куманово, рече Илиќ.

Loading...

Советот изминатата година одржуваше просечно две седници месечно, а најдолга беше последната која се одржа пред Нова година, која траеше 16 часа и заврши во 02:30 часот по полноќ.

Никола Ивановски

Leave a Reply