Усвоена информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион

Сподели со своите пријатели

На денешната седница Владата ја разгледа  и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и донесе соодветни заклучоци и задолженија за министерствата за транспорт и врски, за култура и за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.

Loading...

Како што соопшти владината прес-служба, Владата ѝ укажува на Управата за заштита на културното наследство и на НУ Завод за заштита на  спомениците на културата и Музеј-Охрид, до донесувањето на новите детални урбанистички планови за Охридскиот Регион, кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (2020-2029), условите за изградба на објекти задолжително да содржат заштитно-конзерваторски мерки, кои ги утврдува Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

– Владата им укажува на општините Охрид, Струга и Дебрца при издавање одобренија за изградба на објекти да ги соопштат и условите согласно Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (2020-2029) за задолжително исполнување на заштитно-конзерваторски услови, кои ги издава Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, соопшти владината прес-служба.

Хатка Смаиловиќ

Leave a Reply