Услови за слаб дожд и снег во вечерните часови

Сподели со своите пријатели

Преку ноќта времето беше умерено облачно. Дуваше умерен северен ветер.

Loading...

Во текот на денот, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во крајните северни и североисточни делови ќе има услови за слаб дожд и провејување на слаб снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална температура до 10 степени целзиусови.

Во текот на ноќта низ кумановско ќе се зголеми облачноста и ќе донесе до врнежи од дожд, а на повисоките места и слаб снег. Температурата ќе се спушти до 1 степен над нулата.

Leave a Reply