Услови за претпладневен дожд со жолта боја

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Како што додаваат, поради југозападно струење на висина и транспорт на прашина од Сахара можно е врнежите да имаат жолта боја.

Минималните температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 13 до 18 степени.

Во среда ќе настапи преодно стабилизирање на времето и ќе преовладува сончево време.

Од четврток до недела ќе биде значително потопло, но во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси.

Leave a Reply