Услови за локален дожд и нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Loading...

Наместа, како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно ќе бидат застапени во западните и југозападните делови на земјава.

Утринската температура ќе се спушти ви интервалот од 10 до 19, а највисоката дневна температура ќе достигне од 26 до 33 степени.

В четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд.

Од петок времето ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.

Leave a Reply