Уште едно приведено лице за предизвикување на пожар

Сподели со своите пријатели

Уште едно лице денеска е приведено под сомнение дека предизвикало пожар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

– Денеска (05.08.2021) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, кој во 17.40 часот е ставен под контрола. Тој е приведен во полициска станица и се работи на расчистување на случајот, стои во соопштението на полицијата.

За потсетување, во текот на вчерашниот ден (04.08.2021) од страна на полициски службеници од Полициско одделение Галате беше лишен од слобода и Л.А. (32) од Република Албанија, со илегален престој во државата, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране, а полицијата во координација со Јавен обвинител постапува и во врска со осомниченото лице за пожарот во Старо Нагоричане и двете осомничени лица за пожарот кој на 03.08.2021 беше пријавен пред село Блаце кон Катланово.

Leave a Reply