Уште едно италијанско село нуди куќи за едно евро (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ако отсекогаш баравте причина да се преселите во Италија и да живеете во мир, во средновековно италијанско село сместено на врвот на еден рид, куќите таму се продаваат за едно евро.

Loading...

Живописното село се вика Кастропигнано и се наоѓа на југот на Италија, во регионот Молизе во близина на Јадранското море.

Цените се неверојатно ниски, а може да се најдат и оние од едно евро.

Идејата е повторно да се населат руралните области кои се борат со депопулацијата со години, дури и со децении.

„Ги поканувам сите што сакаат да купат нова куќа да ми испратат е-пошта и да презентираат детален план за тоа што имаат намера да направат со куќата. Дали сакаат да стане нивен дом, да ја претворат во хостел, продавница или нешто друго. Исто така, нека посочат дали имаат некои посебни желби, како што е пристап до инвалидска количка. Селото е мало и автомобилите не можат лесно да поминат низ тесните улички“, изјави градоначалникот Никола Скапилати за Си-Ен-Ен, додавајќи дека тоа е тивко село со само еден ресторан, кафуле, аптека и неколку сместувачки капацитети.

Патем, селото има над 100 напуштени куќи и Скапилати е концентриран на долгорочен развој и раст:

„Не сакам инвазија на клиенти. Ние нудиме само мир, тивка, чиста природа, свеж воздух, одличен поглед и фантастична храна. Идеално за слободен ден “.

Селото има околу 900 жители (имало повеќе од 2.500 во текот на триесеттите години од минатиот век), а 60 проценти од нив се постари од 70 години. Повеќето семејства се преселиле во поголемите градови по Втората светска војна.

Loading...

Што се однесува до самата цена, може да платите само едно евро за куќата, но за тоа важи залог од 2.000 евра, што ве обврзува да го завршите реновирањето во рок од три години.

Тој залог ќе го добиете назад кога ќе се реновира недвижноста, а Скапилати проценува дека просечното реновирање би било околу 30 или 40 илјади евра, поради големата штета што е присутна на повеќето згради.

Ако ви се чини интересно, можете да контактирате со градоначалникот директно на [email protected].

 

Leave a Reply