Уште една жена убеина на протестите во Иран

Сподели со своите пријатели

Уште едно девојче стана симбол на борбата против дискриминацијата и угнетувањето на жените во Иран, откако го загуби животот.

Loading...

Нејзиното име е Хадис Наџафи, чија фотографија многумина ја објавуваат на социјалните мрежи.

Имала само 20 години, пишува iranwire.com.

А во борбата која имаше фатален исход, таа почнала по симболичен потег – ја врзала косата, исто како и Махса Амина, жртва на репресивниот ирански режим, чија смрт ги започна демонстрациите, односно женската револуција, како во Иран се свикаат протестите.

Еден од многуте твитови кои зборуваат за храброста на жртвата Хадис Наџафи гласи:

„Хадит Наџафи е убиена во Иран. Шест куршуми во градите, лицето и вратот. Имаше 20 години и излезе на протест за убиството на Махса Амини. Вчера си ја врза косата и храбро ја започна борбата против дискриминацијата, угнетувањето и загрозување на жените. Денес е убиена“.

Хадис Наџафи, 20-годишната девојка убиена од иранските безбедносни сили, стана нов симбол на трагедијата, излевањето на тага и пркосот што ги карактеризира националните протести во Иран од 16 септември, пишуваат локалните медиуми

Новинарката и застапничка за правата на жените Масих Алинеџад ја објави веста за смртта на Хадис Наџафи, објавувајќи го нејзиното име и видео, заедно со детали за трагедијата:

Loading...

„Вооружените сили ја застрелаа оваа девојка шест пати откако таа ја врза косата и храбро зачекори среде протестите во Карај“.

Официјалните медиуми во Иран објавија дека 35 лица загинале за време на неодамнешните протести, но неиранските медиуми и други неофицијални извештаи инсистираат на тоа дека бројот на загинати е многу поголем.

Протестите беа поттикнати од смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор.

Таа беше уапсена од иранската полиција поради верски прописи.

Нејзината необјаснета смрт предизвика протести.