Уште еден пензионер од Куманово жрвта на измамата со огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Шеесет и шестгодишен кумановец е најновата жртва на добро познатата измама со огревни дрва во Куманово.

Loading...

– На 16.11.2023 во 13.30 часот во СВР Куманово, 66- годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 13 000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето му понудило огревно дрво и откако се договориле му ги платил дрвата, по што лицето му кажало дека ќе оди да ги донесе, но не се вратило.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски