Уште еден пеколен ден во Македонија

Сподели со своите пријатели

Само малку ќе попушти жешкото време во четврток.

Loading...

Највисоката дневна температура долж Повардарието и во низините од источниот крај ќе има вредности околу 37°С, во Пелагонија околу 35°С, и околу 32 на охридското и преспанското крајбрежје.

Повторно ќе има услови за изолирана попладневна нестабилност, пред се` во западниот крај, и тоа повеќе околу планинските места. Дождот кој се очекува од оваа нестабилност би бил релативно краткотраен.

УВ индекс: 9


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.