Уште еден кумановец урна рекорд: Возел со 3,64 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Уште еден кумановец изминатиот викенд се впишал на листата рекордери, откако полицијата му измерила 3,64 промили алкохол.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 89 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 53 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 9 за управување возило без возачка дозвола и 4 за возачи кои управувале мотоцикли без заштитна опрема.

– Кај еден од санкционираните за возење под дејство на алкохол биле измерени 3.64 промили, додаваат од МВР.

Сообраќајните контроли, предупредуваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски