Уште еден кумановец приведен поради агресивно однесување кон полицијата

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако агресивно се однесувал кон полициски службеници.

Loading...

– На 17.07.2023 во 22.00 часот на улицата „Пиринска“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Ц.(46) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Д.Ц. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ова е второ приведување изминатите денови поради агресивно однесување кон кумановската полиција. Викендов беше приведен 35-годишник од Черкезе.

Никола Ивановски