Уште еден кит мистериозно се насука на источниот брег на САД (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од декември, 15 китови мистериозно се насукаа на источниот брег на САД, со неодамнешното насукање на грбав кит од 7,6 метри на бреговите на американската сојузна држава Њујорк.

Loading...

Научниците сè уште не знаат што го предизвикува ова.

„Тоа е машки грбав кит. Ова е прв таков случај на оваа област во последните пет години. Ова е најголемото насукање на кит на овие брегови во повеќе од една деценија“, рече Дон Клавим од управата на градот Хемпстед. како што објави Би-Би-Си.

„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“

Експертите наведуваат дека засега не гледаат причина за вакви инциденти, а локални активисти и научници се обидуваат да ја откријат причината за проблемот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Некои сметаат дека вината за насукувањето на китовите е поставувањето на ветерни електрани долж брегот, но локалните власти наведуваат дека нема докази за такво нешто.

„Засега не гледаме ништо што би можело да им наштети на китовите“, рече Синди Зиф, директорка на Clean Ocean Action.

 

Loading...