Уште еден американски авион заврши во Црвеното Море

Сподели со своите пријатели

Американски борбен авион Ф-18 се урна во Црвеното Море откако се лизна од палубата на носачот на авиони Хари С. Труман, што е втор ваков инцидент во последните неколку дена, изјавија двајца американски функционери под услов на анонимност.

Loading...

Официјалните лица изјавија дека авионот не застанал по слетувањето на носачот, што предизвикало несреќа, објави Ројтерс.

Двајцата членови на екипажот се катапултирале пред авионот да се сруши во морето и брзо биле спасени од спасувачки хеликоптер.

Прелиминарните медицински прегледи покажаа дека пилотите претрпеле полесни повреди, додека никој на палубата не е повреден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Eкстремно десничарскиот криминал во Германија се зголемил за речиси 50 проценти

Инцидентот се случи неколку дена откако друг борбен авион падна од носачот на авиони „Труман“, кој учествуваше во американските напади врз Хутите во Јемен.

Американските борбени авиони чинат повеќе од 60 милиони долари, а вакви инциденти се ретки.